БАЕРН ГО ИЗБРКА АНЧЕЛОТИ ПО НАЈТЕШКИОТ ПОРАЗ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 21 ГОДИНА

    БАЕРН ГО ИЗБРКА АНЧЕЛОТИ ПО НАЈТЕШКИОТ ПОРАЗ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 21 ГОДИНАОдработи само една сезона со Баерн. - Карло Анчелоти (Фото: Ројтерс)

    Карло Анчелоти ја напушти функцијата тренер на Баерн Минхен, потврди германскиот шампион.

    Смената доаѓа ден по дебаклот против ПСЖ (3:0) во второто коло на Лигата на шампионите, што е најтешкиот пораз на клубот во групната фаза во последните 21 година, но Баерн имаше неубедлив старт на сезоната и во Бундеслигата, каде што загуби пет бода во првите шест кола.

    „По направената анализа, Баерн ја прекина соработката со тренерот Карло Анчелоти и оваа одлука веднаш стапува на сила. Нов привремен тренер ќе биде Вили Сањол“, објави клубот.

    Сањол е поранешниот француски репрезентативец, кој го носеше дресот на Баерн од 2000 до 2009 година, а досега беше помошен тренер во клубот. Како постојани решенија се најавуваат Томас Тухел (екс-Борусија Дортмунд) или Јирген Нагелсман (Хофенхајм), додека Анчелоти би можел да се врати на клупата на Милан.

    Анчелоти се задржа само 454 дена на клупата на Баерн, период за кој освои една шампионска титула и два суперкупа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира