БАЕРН ГО ВРАТИ ОД ПЕНЗИЈА 72-ГОДИШНИОТ ЈУП ХЕЈНКЕС НА ТРЕНЕРСКАТА КЛУПА

    БАЕРН ГО ВРАТИ ОД ПЕНЗИЈА 72-ГОДИШНИОТ ЈУП ХЕЈНКЕС НА ТРЕНЕРСКАТА КЛУПАПо четири години во пензија, повторно на тренерската клупа на Баварците. - Јуп Хејнкес (Фото: АФП)

    Јуп Хејнкес по четврти пат во кариерата беше именуван за тренер на Баерн Минхен и ќе ја предводи екипата како привремено решение до крајот на сезоната.

    Седумдесет и двегодишниот Хејнкес доаѓа на местото на Карло Анчелоти, кој беше отпуштен минатата недела по променливиот старт на сезоната и бунтот на некои од најголемите ѕвезди во тимот.

    Хејнкес објави дека се повлекува од фудбалот, откако со Баерн освои тројна круна во сезоната 2012/13, вклучувајќи го и трофејот на Лигата на шампионите. За многумина, Бавараците таа сезона го играа најубавиот фудбал во Европа, но од претходно ја имаа договорено соработката со Пеп Гвардиола, па Хејнкес замина во пензија со титулата најдобар тренер во изборот на ФИФА.

    Претходно, тој беше тренер на Баерн од 1987 до 1991 година и го водеше на пет натпревари во 2009 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира