БАРСЕЛОНА ГО КУПИ ДЕМБЕЛЕ И ГО ОСИГУРА НА 400 МИЛИОНИ ЕВРА

    БАРСЕЛОНА ГО КУПИ ДЕМБЕЛЕ И ГО ОСИГУРА НА 400 МИЛИОНИ ЕВРАНајскапиот играч во историјата на Барселона. - Усмане Дембеле (Фото: ФЦ Барселона)

    Усмане Дембеле стана најскапиот играч во историјата на Барселона, откако го доведе од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра и со бонуси, оваа сума би можела да порасне и до 145 милиони. Тоа е речиси двојно повеќе од вредноста на трансферот на Луис Суарес во 2014 година, за кој на Ливерпул му беше платено 80 милиони евра.

    За да не и избега лесно како Нејмар, кого ПСЖ го откупи за 222 милиони евра, Барселона ја постави откупната клаузула за Дембеле на 400 милиони евра.

    Дваесетгодишниот француски напаѓач сега е трет најскап фудбалер во историјата, зад Килијан Мбапе и Нејмар, со што ланскиот светски рекорд на Пол Погба ова лето беше надминат дури трипати.

    Тој помина само една сезона во дресот на Борусија, за која на 32 првенствени натпревари постигна шест гола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира