Барселона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и на негово место го назначи бившиот тренер на Бетис, Кике Сетиен.
Под водство на 55-годишниот Валверде, Барселона освои две шампионски титули и моментално е лидер во првенството, но и често играше неубедливо.
Сетиен (61), кој го напушти Бетис во мај, се согласи да потпише две и полгодишен договор со Барселона и денеска и официјално ќе биде претставен.
Валверде беше под голем притисок по ланската незамислива елиминација од Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампионите и поразот од Валенсија во финалето на Кралскиот куп.