БЕЛОРУСИНКАТА САБАЛЕНКА ЈА ОСВОИ ПРВАТА ТИТУЛА НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    БЕЛОРУСИНКАТА САБАЛЕНКА ЈА ОСВОИ ПРВАТА ТИТУЛА НА ЈУ-ЕС ОПЕНСабаленка лани изгуби во финалето (Фото: АП)

    Арина Сабаленка ја освои третата гренд слем титула во кариерата, а втора оваа година, откако славеше на Отвореното првенство на САД. Дваесет и шестгодишната Белорусинка ја совлада домашната надеж Џесика Пегула со 7:5, 7:5 и надомести за разочарувањето од ланското финале, кога изгуби од Коко Гоф.

    Без зборови сум моментално. Отсекогаш сум го сонувала овој трофеј и сега навистина е мој“, изјави Сабаленка.

    Таа продолжува со доминацијата на тврда подлога, откако во јануари ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија.

    Сум имала многу тешки лекции овдека, особено лани. Во оние тешки моменти се обидував да останам силна и се присетував низ што се поминав“, кажа Сабаленка.

    По мечот, таа се присети на смртта на татко ѝ, кој почина во 2019, а во март нејзиното поранешно момче изврши самоубиство. Потоа мораше да се повлече од Вимблдон поради повреда.

    За 30-годишната Пегула ова беше прво гренд слем финале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира