БЕЛОРУСИНКАТА САБАЛЕНКА КАКО НЕУТРАЛЕН ИГРАЧ ЈА ОСВОИ ПРВАТА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА ВО АВСТРАЛИЈА

    БЕЛОРУСИНКАТА САБАЛЕНКА КАКО НЕУТРАЛЕН ИГРАЧ ЈА ОСВОИ ПРВАТА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА ВО АВСТРАЛИЈАСабаленка не можеше да игра под знамето на Белорусија (Фото: Гети)

    Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ја освои првата гренд слем титула во кариерата откако со пресврт победи во финалето на Отвореното првенство на Австралија. Дваесет и четиригодишната петта носителка ја совлада шампионката од Вимблдон, Елена Рибакина, со 4:6, 6:3, 6:4 и конечно го реализираше својот голем потенцијал. Ова ѝ беше прво гренд слем финале досега и четврта победа во исто толку меѓусебни дуели со Казахстанката родена во Русија.

    Сабаленка настапи на турнирот како неутрален играч поради белоруската поддршка на руската инвазија на Украина.

    Утре во машкото финале се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира