БЕСПЛАТНАТА ПЛИВАЧКА ШКОЛА НА „ЕУРОЛИНК“ ОВАА ГОДИНА АДАПТИРАНА И ЗА ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ И ДЕЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

    БЕСПЛАТНАТА ПЛИВАЧКА ШКОЛА НА „ЕУРОЛИНК“ ОВАА ГОДИНА АДАПТИРАНА И ЗА ДЕЦА СО ОШТЕТЕН ВИД И СЛУХ И ДЕЦА СО ДАУНОВ СИНДРОМШколите во Скопје, Струмица и Кавадарци ќе се реализираат под раководство на тимот на проф. Наташа Мешковска. - Од ланската школа на „Еуролинк“

    „Еуролинк осигурување“ трета година по ред ја организира бесплатната пливачка школа за деца на возраст од осум до 12 години, повторно во три града. Новина е што оваа година школите се адаптирани и за деца со оштетен слух и вид, како и за деца со Даунов синдром, соопштија од компанијата.

    Тргнувајќи од ланското позитивно искуство, овојпат школата ќе се реализира во Скопје, Струмица и Кавадарци, под раководство на тимот на поранешната олимпијка проф. Наташа Мешковска.

    Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за осум до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники на пливањето.

    Пријавувањето е веќе започнато во Скопје и трае од 11 до 17 јуни. Во Струмица приавувањето е од 22 до 29 јуни, а во Кавадарци од 2 до 8 јули, и тоа преку мејлот [email protected].

    Школата во Скопје ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ и почнува на 20 јуни, во Струмица на 2 јули, а во Кавадарци на 10 јули.

    Летната пливачка школа на „Еуролинк осигурување“ е активност во рамките на платформата за корпоративно-општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира