БИВШИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР РОБИЊО ОДИ ВО ЗАТВОР НА ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗА СИЛУВАЊЕ

    БИВШИОТ БРАЗИЛСКИ ФУДБАЛЕР РОБИЊО ОДИ ВО ЗАТВОР НА ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗА СИЛУВАЊЕРобињо беше осуден пред две години во Италија како учесник во групно силување на жена од Албанија (Фото: Гети)

    Бившиот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во својот дом во Бразил и ќе оди во затвор на девет години за силување.

    Робињо (40) беше осуден пред две години во Италија како учесник во групно силување на жена од Албанија, што се случило во ноќен клуб во Милано во 2013. Италијанската влада побара Робињо да ја служи казната во Бразил откако не успеа да договори негова екстрадиција.

    Суд во Бразил во средата пресуди дека Робињо би требало да ја служи својата казна зад решетки, а не во домашен притвор, а обидите ова да се спречи беа одбиени од Врховниот суд.

    Робињо, кој има 100 настапи за селекцијата на Бразил, играше за Милан кога се случило силувањето. Откако беше прогласен за виновен, ја изгуби жалбата во 2020, а две години подоцна пресудата беше потврдена и од највисокиот суд во Италија, по што беше издаден меѓународен налог за апсење.

    Робињо, кој има играно и во Реал Мадрид и Манчестер сити, тврдеше дека сексот бил консензуален.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира