БОЈАН ТРАЈКОВСКИ ОСВОИ СРЕБРО ВО СУПЕРВЕЛЕСЛАЛОМ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО АВСТРИЈА

    БОЈАН ТРАЈКОВСКИ ОСВОИ СРЕБРО ВО СУПЕРВЕЛЕСЛАЛОМ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА ВО АВСТРИЈА

    Македонскиот скијач Бојан Трајковски освои сребрен медал на Зимските олимпски игри на Специјална олимпијада во Австрија во дисциплината супервелеслалом за почетници. На трката во Шладминг, тој го освои второто место со време од 00:31,56, зад победникот Хаел Хардинес од Аргентина (00:31,41). Трајковски, кој е придружуван од тренерот Јован Јовановски, е единствен македонски претставник во Австрија и ќе настапи и на трката во велеслалом.

    На Зимската специјална олимпијада во Австрија учествуваат 2.700 спортисти и 1.100 тренери од 107 нации, а се поддржани од 3.000 волонтери. Ова се најмасовните зимски олимписки игри во историјата на Специјална олимпијада.

    Натпреварите се одвиваат во три скијачки центри: Грац, Шладминг и Рамзау ам Дахштајн, а спортистите се натпреваруваат во девет дисциплини: уметничко лизгање, брзо лизгање, хокеј во сала, флорбол, одење по снег, алпско скијање, скијачко трчање, сноубординг и стикшутинг.

    Целите на годишнашните Зимски олимписки игри Австрија 2017 се: јакнење на човековите права, зголемување на бројот на учесници во новите спортови  и создавање на партнерски програми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира