БРИТАНЦИ И УКРАИНЦИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА КАРТИ ЗА СУПЕР КУПОТ

    БРИТАНЦИ И УКРАИНЦИ ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРЕПРОДАЖБА НА КАРТИ ЗА СУПЕР КУПОТНавивачи на Манчестер Јунајтед на улица Македонија пред вечерашниот натпревар против Реал Мадрид во Супер купот. (Фото: Г. Трпеноски)

    Двајца Британци од Манчестер и двајца Украинци денеска се приведени и задржани во полициската станица во Карпош поради неовластена продажба на карти за натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во Супер купот на УЕФА. Како што дознаваме, британските државјани се обиделе да им продадат карти на украинските државјани за вечерашниот натпревар на „Филип Втори“:

    Вчера, полицијата приведе 41-годишен скопјанец за неовластена продажба на карти за Суперкупот на УЕФА. При извршениот претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени две карти за утрешниот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во Скопје, кои што ги нудел за продажба на популарен интернет сајт за огласи. Покрај картите, одземени му се компјутер, мобилен телефон и сим картичка.

    На 28 јули, Собранието ги изгласа измените на Кривичниот законик со кои што неовластената продажба на карти за спортски манифестации стана кривично дело, казниво со парична казна или казна до една година затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира