БУФОН ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 20 ГОДИНИ ИГРАЊЕ ЗА ИТАЛИЈА

    БУФОН ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 20 ГОДИНИ ИГРАЊЕ ЗА ИТАЛИЈАЏиџи Буфон пред мечот со Македонија доби и свој мурал во Торино (Фото: Пума)

    Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон ќе носи специјален дрес на вечерашниот натпревар со Македонија, со што Италијанската фудбалска федерација ќе му оддаде почит и признание за 20-годишната верност кон националниот тим.

    Првпат во кариерата, 39-годишниот Буфон нема да носи вообичаена голманска опрема, туку ќе брани во син дрес.

    Станува збор за новиот дрес на италијанската репрезентација, на кој ќе дебитира и новиот грб, што неговите соиграчи ќе почнат да го носат од наредниот натпревар со Албанија. За Буфон вечерва ќе се направи исклучок.

    „Вакво нешто досега не е видено во фудбалот“, велат од Италијанската федерација.

    Буфон дебитираше за репрезентацијата на 29 октомври 1997 година и мечот со Македонија ќе му биде 172. во дресот на „аѕурите“.

    Тој најави повлекување по Светското првенство 2018 во Русија, негово шесто во кариерата, што, пак, би бил нов светски рекорд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира