ЧЕШКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ШУРАЛ ЗАГИНА ВО АВТОБУСКА НЕСРЕЌА НА НЕГОВИОТ КЛУБ АЛАНЈАСПОР

    ЧЕШКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ШУРАЛ ЗАГИНА ВО АВТОБУСКА НЕСРЕЌА НА НЕГОВИОТ КЛУБ АЛАНЈАСПОРЈозеф Шурал пред само три месеци се пресели во Турција (Фото: Гети)

    Чешкиот фудбалски репрезентативец Јозеф Шурал загина во автобуска несреќа во Турција, на враќање на неговиот клуб Аланјаспор од гостувањето кај Кајсериспор.

    Дваесет и осумгодишниот Шурал почина во болница, кадешто беше превезен со уште шестмина соиграчи по несреќата што се случила на неколку километри пред Аланја. Претседателот на клубот Хасан Чавушоглу изјави дека возачот на автобусот заспал за воланот, додавајќи дека останатите повредени играчи не се во животна опасност.

    За да не преноќат во Кајсери, седуммина играчи на турскиот суперлигаш, меѓу кои и Шурал, изнајмиле приватен минибус за враќање од синоќешниот натпревар, откако дознале дека авионскиот лет ќе биде одложен за осум часа. Се верува дека Шурал испаднал од автобусот кога тој излетал од патот.

    Шурал му се придружи на Аланјаспор од прашка Спарта во јануари. Тој имаше 20 настапи за чешката репрезентација, последно против Украина во Лига на нации во октомври.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира