ДАРИО ИВАНОВСКИ И ФРОСИНА МИХАЈЛОВСКА ПОБЕДИЈА НА ПОЛУМАРАТОНОТ НА „ОХРИД ТРЧАТ“

    ДАРИО ИВАНОВСКИ И ФРОСИНА МИХАЈЛОВСКА ПОБЕДИЈА НА ПОЛУМАРАТОНОТ НА „ОХРИД ТРЧАТ“Ивановски мина 21 километар за 1:08:53 (Фото: „Охрид трчаТ“)

    Олимпиецот Дарио Ивановски од Атлетскиот клуб (АК) Скопски маратон денеска победи на полумаратонот на 9. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.  Тој патеката од 21 километар ја мина за 1:08:53, што е за повеќе од една минута подобро од неговото победничко време минатата година (1:10:01) и нов рекорд на трката. Во женска конкуренција на полумаратонот  победи Фросина Михајловска од АК Аеродром, Македонија (1:28:37).

    Втор на целта целта пристигна Мирослав Спасов од Бугарија (1:14:51ч.), трет Муџахид Мислими од Македонија (1:14:54ч.), а во женска конкуренција Теа Божиновска од АСК Скопски маратон (1:29:35) и Унгарката Чила Богнар (1:3012).

    На 5 километри во машка конкуренција прв на целта пристигна Коста Петровски (18:48мин.) пред Григоријан Никовски (18:52мин.), двајцата од Македонија, а трет беше Илир Келези од Албанија (19:53 мин.). Во женска конкуренција на трката од 5 километри победи Дарија Крстевска од АК Олимп, Македонија, со време 23:12 минути, пред пред Емили Ивановска од АК Скопски маратон (25:27) и Лазарина Христова од Бугарија (25:37).

    Во штафетната трка на 21 километар во машка конкуренција, победи екипата на АК Врањски маратонци (1:23:49ч.), пред Вирбу Цирбу (1:30:12) и ПауерфитбајЕп (1:32:41ч.). Во конкуренција на микс штафети победи Атомик (1:31:35ч.), пред Битола трчат (1:33:32ч.) и АК 7 Ноември Гевгелија (1:35:00ч.).

    Во штафетната трка на 5 километри во машка конкуренција победи тимот на „Гостилница кај Мече“ (1:33:35), пред Инстинкт бар енд фоод (1:43:04) и ЛТХ Леарница (1:46:22). Во женска конкуренција победи штафетата на БФит (2:00:10ч.), пред АК Охрид трчаТ (2:01:01ч.) и Ран авај (2:09:38ч.).

    Оваа година на „Охрид трчаТ“ учествуваат рекордни 2.400 тркачи од 28 земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира