ДЕЛ ПОТРО МУ ГО НАНЕСЕ ПРВИОТ ПОРАЗ НА ФЕДЕРЕР СЕЗОНАВА И ГО ОСВОИ ИНДИЈАН ВЕЛС

    ДЕЛ ПОТРО МУ ГО НАНЕСЕ ПРВИОТ ПОРАЗ НА ФЕДЕРЕР СЕЗОНАВА И ГО ОСВОИ ИНДИЈАН ВЕЛССпаси три меч-топки пред да ја освои првата Мастерс титула во кариерата. - Хуан Мартин дел Потро (Фото: Шатерсток)

    Хуан Мартин дел Потро му го нанесе првиот пораз на Роже Федерер оваа година, за да ја освои првата Мастерс титула во својата кариера.

    Искусниот Аргентинец го совлада најдобриот светски тенисер со 6:4, 6:7, 7:6 во финалето во Индијан Велс, откако спаси три меч-топки, пред да ја потврди победата по два часа и 42 минути игра.

    Федерер, кој има пет титули во Индијан Велс, ја почна годината со скор од 17-0, што му е најдобар старт на една сезона во кариерата.

    „Тешко ми е да се искажам со зборови. Ова е како сон. По сите мои проблеми и операции, не можам да поверувам дека стојам овдека со Мастерс трофеј во рацете, откако го победив Федерер. Неверојатно“, изјави 29-годишниот Дел Потро.

    Дел Потро овој месец ја освои и титулата во Акапулко, негова прва по пет години, и повторно се врати во топ-10 на АТП-листата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира