ДЕСЕТГОДИШНИОТ КЛАРК КЕНТ УРНА РЕКОРД НА МАЈКЛ ФЕЛПС И ДОБИ ПРЕКАР СУПЕРМЕН

    ДЕСЕТГОДИШНИОТ КЛАРК КЕНТ УРНА РЕКОРД НА МАЈКЛ ФЕЛПС И ДОБИ ПРЕКАР СУПЕРМЕНКога е во базен, има чувство како да лета. - Кларк Кент (Фото: Си-Би-Ес)

    Десетгодишниот Кларк Кент најави голема пливачка кариера откако собори рекорд на Мајкл Фелпс на 100 метри пеперутка. Најуспешниот олимпиец на сите времиња веднаш стана фан на малиот Кент и му честиташе преку Твитер.

    „Од срце му честитам на Кларк Кент што го собори мојот рекорд. Само така продолжи“, напиша Фелпс.

    Кент победи на меѓународното натпреварување Фар вест во Калифорнија со време од една минута, девет секунди и 38 стотинки, повеќе од една секунда побрзо од она Фелпс го исплива како јуниор во 1995 година. Тој беше прв во сите седум трки во коишто настапи, што очекувано му донесе прекар Супермен.

    „Повеќето луѓе досега ме викаа едноставно Кларк, но сега откако соборив рекорд на Фелпс, почнаа да ме викаат Супермен. Кога сум во вода, имам чувство како да летам. Го сакам пливањето и многу луѓе ме поддржуваат“, изјави Кент.

    Сепак, пред него е уште долг пат да го достигне големиот Фелпс, кој во кариерата освои 28 олимписки медали, од кои 23 златни и постави 39 светски рекорди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира