ДОАЃАЊЕТО НА ГОРЕЦКА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАМИНУВАЊЕ НА ДВЕ ЅВЕЗДИ НА БАЕРН

    ДОАЃАЊЕТО НА ГОРЕЦКА ЌЕ ПРЕДИЗВИКА ЗАМИНУВАЊЕ НА ДВЕ ЅВЕЗДИ НА БАЕРННа Леон Горецка му истекува договорот со Шалке на крајот на сезоната, па како слободен играч ќе го засили Баерн. (Фото: 90мин)

    Леон Горецка ќе му се приклучи на Баерн Минхен на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот со Шалке, но тоа нема да биде добар вест за еден од неговите идни соиграчи.

    „Кикер“ објави дека доаѓањето на Горецка ќе значи заминување на Тијаго Алкантара од „Алијанц Арена“. Поранешниот играч од средниот ред на Барселона нема настап за Баварците 22 ноември, кога се повреди на дуелот против Андерлехт во Лигата на шампиони. На излезна врата би бил и Артуро Видал, која и самиот претходно навести дека во летниот преоден рок ќе си бара нов клуб.

    Според германскиот магазин, Хамес Родригез е сигурен поради добрата форма во последно време, а сигурни се уште Хави Мартинез, Себастијан Руди и Корентин Толисо.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира