ДВАЈЦА АМЕРИКАНЦИ ПЛАТИЈА ПО 50.000 ДОЛАРИ ЗА ДА ГИ ГЛЕДААТ СИТЕ МЕЧЕВИ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, СЕДАТ ВО СТАКЛЕНА КУТИЈА ВО ЊУЈОРК

    ДВАЈЦА АМЕРИКАНЦИ ПЛАТИЈА ПО 50.000 ДОЛАРИ ЗА ДА ГИ ГЛЕДААТ СИТЕ МЕЧЕВИ ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО, СЕДАТ ВО СТАКЛЕНА КУТИЈА ВО ЊУЈОРККевин и Остин Френклин победија илјадници други за оваа улога (Фото: Би-Би-Си)

    Двајца фудбалски фанатици платија по 50.000 долари за да ги гледаат сите 104 натпревари од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Тоа го прават во стаклена кутија на Тајмс Сквер во Њујорк, во кој и минувачите можат да ѕирнат,

    Просторот е опремен со фотелји, софа, два телевизора со голем екран и со маса за фудбал. Исто така, има и фудбалски сувенири и закуски за да се чувствува како вистински навивачки простор.

    „Тоа е како имагинацијата на секој 20-годишник. Ако можевте да ставите нешто тука, ова е она што би го ставиле како фудбалски навивач“, вели Кевин Акото.

    Кевин, готвач од Флорида и Остин Френклин, инфлуенсер од Филаделфија, победија илјадници други за оваа улога, која бара од нив не само да го гледаат секој натпревар, туку и да создаваат содржина за социјалните мрежи.

    Тоа е вистински маратон. Релативно лесна работа е, седам на кауч и гледам фудбал, но заморно е и се трудам да ги искористам моите осум часа кога можам“, вели Остин.

    За среќа, тие не се обврзани да спијат во стаклената кутија на Тајмс Сквер, туку можат да заминат на крајот од смените, за да се наполнат со енергија за следниот ден.

    Меѓу натпреварите, тие имаат можност да комуницираат со навивачите, како што се илјадниците Бразилци кои го преплавија Тајмс Сквер. Туристичката област е магнет за посетителите на Светското првенство, вклучувајќи ги и Норвежаните, кои таму ја изведоа својата позната викиншка веслачка прослава.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира