Двајца гледачи починаа од срцев удар на вториот ден од АТП финалето во Торино, објави Италијанската тениска федерација.
Тие биле на возраст од 70 и 78 години и починале во рок од неколку часа. Првиот меч помеѓу Лоренцо Мусети и Тејлор Фриц беше одложен откако беше објавено дека има итна лекарска интервенција во салата „Иналпи“.
„Двете лица дошле во арената ‘Иналпи‘ за да ги следат мечевите. И двајцата доживеале срцев удар во различно време во текот на денот. Медицинскиот персонал веднаш реагирал, давајќи им секаква можна помош“, соопшти АТП.
Завршниот турнир од машката тениска сезона се одржува во Торино од 2021, а Италија ќе домаќин до 2030 година.



