ДВЕТЕ КОРЕИ ЌЕ МАРШИРААТ ЗАЕДНО НА ОТВОРАЊЕТО НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА

    ДВЕТЕ КОРЕИ ЌЕ МАРШИРААТ ЗАЕДНО НА ОТВОРАЊЕТО НА ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДАЗнамето на обединета Кореја беше користено и на Зимската олимпијада во Торино во 2006 година (Фото: АФП)

    Спортистите од Јужна и Северна Кореја ќе маршираат заедно, под едно знаме, на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, што е голем дипломатски напредок по неколкудневните преговори на двете земји, први по две години пауза.

    Тие, исто така, ќе имаат заедничка женска репрезентација во хокеј, додека скијачите ќе одржат заеднички тренинзи во зимски центар во Северна Кореја пред почетокот на Олимпијадата.

    Знамето на обединета Кореја за првпат беше употребено на Светското првенство во пинг понг во 1991 година, а потоа и на уште неколку големи спортски настани, вклучувајќи ја и Зимската олимпијада во Торино во 2006 година.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира