ЕЛИФ ЕЛМАС СЕ ЗБОГУВАШЕ СО ФЕНЕРБАХЧЕ ПРЕД ТРАНСФЕРОТ ОД 16 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НАПОЛИ

    ЕЛИФ ЕЛМАС СЕ ЗБОГУВАШЕ СО ФЕНЕРБАХЧЕ ПРЕД ТРАНСФЕРОТ ОД 16 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НАПОЛИ19-годишниот Елиф Елмас се очекува да потпише петгодишен договор со Наполи, вреден 1,5 милиони евра по сезона. (Фото: Инстаграм)

    Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас преку Инстаграм се збогуваше со Фенербахче и Турција, во пресрет на трансферот во италијанскиот прволигаш Наполи. Истовремено, турскиот клуб денеска соопшти дека Елмас е изоставен од претсезонската турнеја во Австрија.

    Како што објавија денеска италијанските медиуми, се очекува Наполи да плати 16 милиони евра, плус бонуси за македонскиот репрезентативец. Според „Скај Спорт Италија“, Елмас утре ќе потпише договор со Наполи откако ќе ги помине лекарските прегледи.

    19-годишниот Елмас дојде во Фенербахче од Работнички во 2017 година, а за македонскиот национален тим има 12 настапи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари