ЕЛМАС СТАНА НАЈСКАП МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР ОТКАКО ПОТПИША ЗА НАПОЛИ

    ЕЛМАС СТАНА НАЈСКАП МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР ОТКАКО ПОТПИША ЗА НАПОЛИЕлмас го потпиша договорот во присуство на челниците на Наполи, Аурелио и Едоардо де Лаурентис (Фото: Наполи)

    Деветнаесетгодишниот Елиф Елмас стана најскапиот македонски фудбалер во историјата, откако денеска го официјализираше својот трансфер од Фенербахче во Наполи. Италијанските медиуми претходно објавија дека Елмас ќе премине во Наполи за 16 милиони евра, плус бонуси.

    Елмас потпиша петгодишен договор, вреден 7,5 милиони евра.

    „Добредојде Елиф“, напиша на Твитер претседателот на италијанскиот вицешампион Аурелио де Лаурентис.

    Елмас произлезе од фудбалската школа на Работнички, за чиј прв тим дебитираше со само 17 години, а последните две сезони ги одигра во дресот на турскиот гигант Фенербахче, кој одлично заработи од овој трансфер, имајќи предвид дека го доведе за само 180.000 евра.

    Македонскиот репрезентативец вчера пристигна во Неапол и ги помина лекарските прегледи, по што веднаш им се придружи на своите нови соиграчи, вклучувајќи ги Инсиње, Милик, Мертенс, Кулибали и Оспина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира