„ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ТЕНИСКА ШКОЛА ЗА ДЕЦА

    „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ ОРГАНИЗИРА БЕСПЛАТНА ТЕНИСКА ШКОЛА ЗА ДЕЦА

    Во рамките на платформата за корпоративно-општествена одговорност ,,Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности”, „Еуролинк осигурување“ за првпат ќе организира тениска школа за деца на возраст од шест до 12 години. Триесет деца притоа ќе имаат можност да ги изучуваат основните техники на тенисот, но и да се забавуваат, дружат и развиваат моторички вештини.

    Пријавувањето почнува денеска и ќе трае до 13 март и тоа може да се направи на електронската адреса [email protected].

    Селекција на пријавените кандидати ќе направи професионалниот тренер Круно Деспотовски, на 14 март во 18 часот.

    Тениската школа ќе трае од 23 март до 20 април, а тренинзите ќе се одржуваат секој петок од 18 часот, односно сабота и недела од 13 часот, на терените на тенискиот центар МТП, до училиштето „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира