ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ ФО ФИНИШОТ ЗА ЕДНА РАКА, КАКО ДА ПЛИВАА СПРИНТ, ПОБЕДИ ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ НА ПАТЕКА ОД 5 КИЛОМЕТРИ

    ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ ФО ФИНИШОТ ЗА ЕДНА РАКА, КАКО ДА ПЛИВАА СПРИНТ, ПОБЕДИ ВО ДАЛЕЧИНСКО ПЛИВАЊЕ НА ПАТЕКА ОД 5 КИЛОМЕТРИВо возбудлив финиш, судијата на целта одлучи дека победник е Евгениј Поп Ацев (лево). (Фото: СДК.МК)

    Евгениј Поп Ацев победи на последната трка во Купот во далечинско пливање на Македонија, во финиш, каков ретко се случува на вакви долги патеки. Тој за една рака го победи конкурентот Алексaндар Илиевски, со кого последни неколку стотина метри го пливаа еден покрај друг.

    Во возбудлив финиш, судијата на целта одлучи дека победник е Евгениј Поп Ацев. Купот во далечинско пливање, се одржа денес на велешкото езеро Младост. Учесниците пливаа на патека од 5 км. Кај жените победи единствена учесничка Јана Костадиновска.

    Пливачите имаа тешки услови за пливање, поради ветерот кој во дел од патеката дуваше и го отежнуваше пливањето на учесниците. Велешкиот куп во далечинско пливање беше последен од четирите во организација на Пливачката федерација на Македонија, претходните три се одржаа во Преспа, Крушево и Охрид. Севкупниот победник во далечинско пливање ќе биде познат дополнително. На велешко езеро се пливаа и натпревари во различни возрасни категории, со вкупно 44 учесници од Македонија и Бугарија.

    П. ПЕЧКОВ

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира