Ракометарите на Вардар по вторпат ја освоија титулата европски првак откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совладаа Веспрем со 27:24, во ситуација кога повторно, како и пред две години, им беше давана етикета на аутсајдер.
Ова беше последен меч за оваа екипа на Вардар, кој со нова европска титула заокружува едно неверојатно поглавје од својата историја. Екипата која останува без главниот спонзор и без голем дел од играчите.