ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН ВЛАДИМИР ЕГОРОВ ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ„МАКЕДОНСКИ БИСЕР“ ВО ШТИП

    ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН ВЛАДИМИР ЕГОРОВ ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ„МАКЕДОНСКИ БИСЕР“ ВО ШТИПВладимир Егоров по освојувањето на европската титула го освои и трофејот „Македонски Бисер“ во конкуренција на 90 борачи од 14 земји. (Фото:СДК.МК)

    Во конкуренција на 90 борачи од 14 репрезентации, трофејот на 47. издание на меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во Штип му припадна на македонскиот репрезентативец Владимир Егоров.

    Најголемиот македонски трофеј доаѓа по европската шампионска титула што натурализираниот македонски борач ја освои пред една година во Будимпешта.

    За најдобар странски борач е прогласен Рамазан Рамазанов од Бугарија, а за најдобар домашен борач Фати Вејсели.

    Претседателот на Боречката Федерација на Македонија Дејан Богданов е задоволен од квалитетот и масовноста на турнирот и очекува овој турнир добро им дојде на сите борачи за наредните меѓународни натпревари.

    На турнирот учествуваа борачи од Англија, Хрватска, Србија, Албанија, Косово, Романија,Грција, Шпанија, Израел, Кипар, Молдавија и од Македонија која настапи со две селекции.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира