Фанови на Трабзонспор се стрчаа на теренот откако нивниот тим изгуби од Фенербахче со 3:2 во турското првенство, по што некои од нив беа натепани од гостински фудбалери. Меѓу стрелците за Трабзонспор беше и македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Играчите на Фенербахче славеа на средината на теренот по завршувањето на мечот, кога еден навивач се стрча кон нив и почна да се тепа со гостинскиот бек Брајт Осаји-Самуел. Видеоснимките покажуваат како нигерискиот играч го удира навивачот, а белгискиот репрезентативец Мичи Бацшуаи е снимен како ги исфрла хулиганите додека припадниците на обезбедувањето се обидуваат да интервенираат.
Уште десетици навивачи потоа се стрчаа на тревникот, додека обезбедувањето се обидуваше да ги заштити играчите на Фенербахче кои бегаа од теренот
Тренерот на Фенербахче, Исмаил Картал, кажа дека неговите играчи никого не провоцирале и беа нападнати. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја нареди истрага, со цел да се идентификуваат навивачите кои се стрчаа на теренот.