ФАНОВИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ СЕ БУНАТ, НО ПАУЗИТЕ ЗА ХИДРАТАЦИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО НОСАТ ПРИХОДИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ФАНОВИТЕ И УЧЕСНИЦИТЕ СЕ БУНАТ, НО ПАУЗИТЕ ЗА ХИДРАТАЦИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО НОСАТ ПРИХОДИ ОД СТОТИЦИ МИЛИОНИ ДОЛАРИФИФА нема потврдено дали паузите за хидратација ќе се користат на следните светски првенства, но многу е веројатно дека ќе останат (Фото: Гети)

    Четири минути и 20 секунди по наатпревар или седум часа, 30 минути и 40 секунди на целото Светско првенство во САД, Канада и Мексико. Толку траат дополнителните ТВ-реклами што фудбалските фанови се принудени да ги гледаат за време на паузите за хидратација во секое полувреме.

    Паузите траат по три минути, а почнуваат 20 секунди по знакот на судијата и мора да завршат 30 секунди пред продолжувањето на натпреварот. Тоа се потенцијални осум реклами од по 30 секунди на натпревар или вкупно 832 од почетокот до крајот на првенството.

    Експерти изјавија за „Би-Би-Си спорт“ дека просечен рекламен термин од 30 секунди на „Фокс спортс“ чини меѓу 200.000 и 300.000 долари, што се зголемува на 750.000 долари за време на натпреварите на САД и во финалните фази. Тоа значи дека рекламирањето за време на паузите за хидратација ќе генерира повеќе од 250 милиони долари само во САД.

    Паузите го нарушија моментумот на натпреварите, беа жестоко критикувани од селекторите и играчите и предизвикаа гласни свирежи од навивачите на речиси секој стадион.

    ФИФА инсистираше дека паузите се воведени за добросостојба на играчите на северноамериканската жештина, а заради спортскиот интегритет, тие мора да се користат еднакво на секој натпревар, дури и кога температурите се пониски. Радиодифузерите имаат можност да изберат како ќе ги користат паузите, а повеќето се решија да заработат дополнителни пари од реклами.

    Американците се наавикнати на реклами за време на натпреварите веќе 40-50 години, така што, културолошки, ова точно се вклопува. Сите промени што ги прават игрите поамерикански ќе бидат прифатени без луѓето да забележат“, вели Роб ди Гиси, предавач по спортски менаџмент на Универзитетот на Пенсилванија.

    ФИФА нема потврдено дали паузите за хидратација ќе се користат на следните светски првенства, но со оглед на финансиската корист за организацијата и нејзините ТВ-партнери, многу е веројатно дека тие ќе останат долгорочна карактеристика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира