Натпреварите од претстојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико ќе имаат паузи за време на кои ќе можат да се емитуваат ТВ-реклами.
ФИФА претходно потврди дека во средината на секое полувреме ќе има триминутни паузи за освежување на играчите на теренот, а новина е што тоа време ќе можат да го искористат и спонзорите за да се рекламираат. Планирано е рекламите да почнат 20 секунди по означувањето на паузата и сликата ќе мора да се врати на теренот на 30 секунди пред продолжувањето на натпреварот.
Паузите официјално се претставуваат како мерка за благосостојба на играчите зашто се очекуваат повисоки температури за време на првенството, кое ќе се одржува во јуни и јули.
За разлика од американските професионални спортови, како кошарка и хокеј, за фудбалот не е карактеристично да има ТВ-реклами среде натпревари.



