Ракометарите на Вардар со осум голови разлика вечерва го победија унгарскиот ПИК Сегед, во првиот натпревар во четврт-финалето на Лигата на шампиони. Во веројатно последниот натпревар на овој состав на Вардар во салата Јане Сандански, ПИК Сегед беше поразен со 31:23 (14:12).
Реванш натпреварот за пласман на фајнл форот во Келн ќе се игра на 5 мај во Унгарија.
Оваа сезона е веројатно последна за шампионскиот состав на Вардар откако минатата недела газдата Сергеј Самсоненко најави повлекување од клубот на крајот на оваа сезона, бидејќи не му биле исполнети ветувањата дека ќе добие финансиска поддршка.