ФРАНЦУЗИНОТ ИБЕР ЗАГИНА НА ФОРМУЛА 2 ТРКАТА ВО БЕЛГИЈА

    ФРАНЦУЗИНОТ ИБЕР ЗАГИНА НА ФОРМУЛА 2 ТРКАТА ВО БЕЛГИЈАИбер загина откако неговиот болид беше удрен при брзина од 170 километри на час (Фото: ЕПА)

    Францускиот возач Антоан Ибер загина на денешната трка за Големата награда на Белгија, што се возеше во рамките на Формула 2, објави Меѓународната автомобилистичка федерација.

    Дваесет и двегодишниот Ибер почина откако неговиот болид беше удрен од возилото на Хуан Мануел Кореја при брзина од 170 километри на час. Ибер беше превезен во болница во Лиеж, каде што им подлегнал на тешките повреди. Состојбата на Кореја е стабилна.

    Трката беше прекината по несреќата и по неколку минути целосно откажана, кога стана јасно дека последиците се многу сериозни.

    Ибер, кој возеше за тимот на БВТ Арден, беше осми во првенството, откако претходно победи на трките во Монако и Франција.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари