ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА АНДРЕА ПИРЛО ОДИ ВО ПЕНЗИЈА

    ФУДБАЛСКАТА ЛЕГЕНДА АНДРЕА ПИРЛО ОДИ ВО ПЕНЗИЈАЕден од ретките фудбалери кој ужива легендарен статус и во Милан и во Јувентус. - Андреа Пирло (Фото: Гети)

    Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло објави дека ќе се пензионира во декември, кога завршува сезоната во американската лига.

    Триесет и осумгодишниот светски шампион призна дека телото полека го предава и дека е време за повлекување од зелени терени.

    „Едноставно, сфаќаш дека времето е дојдено. Секој ден имаш физички проблеми и не можеш да тренираш како што би сакал. Доволно беше. Никој не може да игра на ова ниво до 50. година. Сега ќе правам нешто друго“, изјави Пирло.

    По истекот на договорот со Њујорк, тој ќе се врати во Италија, но сѐ уште не решил дали ќе продолжи да работи како тренер.

    Андреа Пирло е еден од ретките фудбалери кој ужива легендарен статус и во Милан и во Јувентус, за кои одигра над 400 натпревари во Серија А и освои шест шампионски титули. Со Милан двапати триумфираше и во Лигата на шампионите и, исто така, беше еден од клучните играчи на Италија во освојувањето на Светското првенство во 2006 година.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира