ФУДБАЛСКИТЕ КЛУБОВИ ЛЕТОВО ПОТРОШИЛЕ 4,79 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ОБЈАВИ ФИФА

    ФУДБАЛСКИТЕ КЛУБОВИ ЛЕТОВО ПОТРОШИЛЕ 4,79 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ, ОБЈАВИ ФИФАДвоец вреден 400 милиони евра. - Нејмар и Килијан Мбапе (Фото: Гети)

    Фудбалските клубови ова лето потрошиле речиси пет милијарди долари во преодниот рок, што е нов апсолутен рекорд, соопшти ФИФА.

    Во периодот од 1 јуни до 1 септември, во светот беа остварени 7.590 трансфери на фудбалери. Глобалната потрошувачка ја достигна сумата од 4,71 милијарда долари, што значи дека клубовите за само три месеци потрошиле колку за цела 2016 година, кога вкупната сума била 4,79 милијарди“, објави Светската фудбалска федерација.

    Уште еднаш, клубовите од петте најквалитетни европски лиги ја имаа главната улога, па на Англија, Шпанија, Италија, Германија и на Франција отпаѓаат 77,9% од вкупната сума. Таму биле реализирани над 1.600 трансфери, вредни 3,67 милијарди долари. Пред пет години, оваа сума била 1,24 милијарди.

    Најголем потрошувач се клубовите од англиската Премиерлига, кои купиле играчи во вредност од 1,4 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира