ГАЗДАТА НА ЛЕСТЕР И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА БИЛЕ ВО ПАДНАТИОТ ХЕЛИКОПТЕР, НЕ Е ПОЗНАТО ДАЛИ ИМА ПРЕЖИВЕАНИ

    ГАЗДАТА НА ЛЕСТЕР И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА БИЛЕ ВО ПАДНАТИОТ ХЕЛИКОПТЕР, НЕ Е ПОЗНАТО ДАЛИ ИМА ПРЕЖИВЕАНИОсвен Вишај Шривадханапраба, во хеликоптерот била и една од неговите две ќерки (Фото: Гети)

    Вишај Шривадханапраба, сопственикот на Лестер заслужен за најчудесната приказна во поновата историја на европскиот фудбал, е меѓу жртвите на хеликоптерската несреќа, што се случи синоќа, непосредно по завршувањето на натпреварот со Вест Хем, дознава „Ројтерс“ од извор од клубот.

    Освен 61-годишниот тајландски милијардер, во хеликоптерот биле и една од неговите две ќерки, двајца пилоти и уште едно лице, чиј идентитет засега не е познат. Не е познато дали некој ја преживеал несреќата. 

    Хеликоптерот се урна набргу по полетувањето од теренот на стадионот „Кинг пауер“, еден час по завршувањето на мечот Лестер-Вест Хем. Тој паднал на паркингот во близина на стадионот.

    Шривадханапраба го купи Лестер за 39 милиони фунти во 2010 година и во наредните години вложи повеќе од 700 милиони во екипата и стадионот. Тоа целосно му се исплатеше во 2016 година, кога Лестер сензационално ја освои шампионската титула, откако една сезона порано играше во втората лига.

    Тој важеше за петтиот најбогат човек во Тајланд и „Форбс“ го процени неговото богатство на 3,8 милијарди фунти, кое потекнува од синџирот дјути фри шопови, обединети во компанијата „Кинг пауер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира