ГЕРЕТ БЕЈЛ ЌЕ ИГРА ВО КИНА ЗА МИЛИОН ФУНТИ НЕДЕЛНО

    ГЕРЕТ БЕЈЛ ЌЕ ИГРА ВО КИНА ЗА МИЛИОН ФУНТИ НЕДЕЛНОБејл освои низа титули со Реал, но не беше миленик на тренерот Зидан (Фото: Гети)

    Герет Бејл конечно го напушта Реал Мадрид и ќе ја продолжи кариерата во Кина, кадешто ќе потпише тригодишен договор со екипата на Џијангсу Сунинг. Кинеските медиуми објавија дека најдобриот велшки фудбалер ќе заработува речиси еден милион фунти неделно.

    Бејл сакаше да остане во Реал, но тренерот Зинедин Зидан во повеќе наврати истакна дека тој не е во неговите планови.

    „Заминувањето на Бејл е најдобро за сите“, кажа Зидан.

    Тој играше на претсезонските мечеви, но Зидан изјави дека тоа ништо не менува.

    Бејл во 2013 година пристигна во Реал, кој тогаш му плати на Тотенхем 85 милиони фунти и го направи најскап фудбалер на светот. Тој постигна три гола во финалните мечеви на Лигата на шампионите и освои четири европски титули, но никогаш не успеа да се наметне кај Зидан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира