Германија со пораз ја почна одбраната на титулата на Светското првенство во Русија, откако беше поразена од Мексико со 0:1 на првиот натпревар од Ф-групата.
Единствениот погодок на средбата го постигна Ирвинг Лосано во 35. минута, додека на голот брилјираше Очоа. Германските играчи упатија 26 удари кон голот на Мексико, од кои два завршија во статива.
Ова е првпат од 1982 година Германија да го загуби својот прв меч на светските првенства, но тогаш, сепак, стигна до финалето.
Во големата победа на Мексико учествуваше и 39-годишниот бек Рафа Маркес, кој со тоа стана четврти играч во историјата кој настапил на пет светски првенства, по италијанскиот голман Џиџи Буфон, Германецот Лотар Матеус и својот сонародник Антонио Карбахал.