Ланскиот победник Новак Ѓоковиќ загуби од Доминик Тим во четврт-финалето на Ролан Гарос со 6:7 (5:7), 3:6, 0:6.
За Австриецот Тим, ова беше прва победа над српскиот тенисер во кариерата и во полуфиналето ќе игра со најтрофејниот тенисер на францускиот гренд слем, Рафаел Надал.
Поразот од Тим значи дека Ѓоковиќ следната недела ќе падне на третото место на АТП листата, откако од 2011 година постојано беше на една од првите две позиции. Исто така, Ѓоковиќ, кој имаше дури 35 неизнудени грешки против Тим, за првпат по 2010 година не успеа да влезе во полуфиналето на Ролан Гарос.