ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН ЗА ПРВА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА ПО ДВЕ ГОДИНИ

    ЃОКОВИЌ ГО ОСВОИ ВИМБЛДОН ЗА ПРВА ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА ПО ДВЕ ГОДИНИСо четвртата титула на Вимблдон, Ѓоковиќ се искачи на четвртото место на вечната листа по бројот на титули на гренд слем турнирите. (Фото: ЕПА)

    Новак Ѓоковиќ го освои првиот гренд слем по повеќе од две години, победувајќи го Кевин Андерсон во финалето на Вимблдон.

    Српскиот тенисер, кој беше 12. носител, победи со 6:2, 6:2, 7:6 (7:3) за неговиот 13. трофеј на гренд слем турнирите и прв по Ролан Гарос во 2016 година. 31-годишниот Ѓоковиќ го освои првиот сет за само 29 минути и потоа направи уште два брејка во вториот сет. Во третиот сет, Јужноафриканецот Андерсон не искористи пет сет топки и на крајот Ѓоковиќ победи во тај брејк.

    Со четвртата титула на Вимблдон, Ѓоковиќ се искачи на четвртото место на вечната листа по бројот на титули на гренд слем турнирите. Повеќе од него имаат Роже Федерер (20), Рафаел Надал (17) и Пит Сампрас (14).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира