ГОЛМАНОТ НА ЦСКА МОСКВА НЕ ПРИМИ ГОЛ ПО 11 ГОДИНИ

    ГОЛМАНОТ НА ЦСКА МОСКВА НЕ ПРИМИ ГОЛ ПО 11 ГОДИНИНеговата непријатна низа траеше 43 натпревари. - Игор Акинфеев (Фото: Ројтерс)

    Игор Акинфеев прекина една од најнепријатните традиции во историјата на Лигата на шампионите, откако не прими гол на еден натпревар по цели 11 години.

    Триесет и едногодишниот голман на ЦСКА Москва, конечно, успеа да си ја зачува мрежата на дуелот со Бенфика, што неговата екипа го доби со 2:0.

    „Се разбира дека сите му честитавме по завршувањето на средбата. Сите посакувавме да ѝ ставиме крај на оваа низа, а најмногу Игор. Тој го заслужи тоа за сѐ што направил во кариерата“, кажа тренерот на рускиот вицешампион Виктор Гончаренко.

    Дебитирајќи како 16-годишник, Акинфеев ја помина целата кариера во дресот на ЦСКА, за која досега има одиграно 522 натпревари.

    Последниот клуб кој не успеа да му даде гол на Акинфеев беше Арсенал, тогаш предводен од Тјери Анри и Робин ван Перси, што се случи во ноември 2006 година. Оттогаш, Русинот ја вадеше топката од мрежата на 43 натпревари по ред.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира