ГРЦИТЕ ОДБИЈА ДА ИГРААТ ВО СКОПЈЕ ПОД ЗАКАНА ОД СВОИТЕ НАВИВАЧИ, АЛКАЛОИД ЌЕ ПОЧЕКА НА ТРОФЕЈОТ НА ЕВРОПСКИОТ КУП

    ГРЦИТЕ ОДБИЈА ДА ИГРААТ ВО СКОПЈЕ ПОД ЗАКАНА ОД СВОИТЕ НАВИВАЧИ, АЛКАЛОИД ЌЕ ПОЧЕКА НА ТРОФЕЈОТ НА ЕВРОПСКИОТ КУППред седум дена во Атина, Алкалоид победи со 29:25 (Фото: Фејсбук)

    Реваншот од финалето на Европскиот куп во Скопје вечерва не се одигра откако ракометарите на грчки АЕК одбија да излезат на терен под закана од своите навивачи.

    Она што требаше да биде славеничка вечер во арената „Борис Трајковски“, во очекување на европскиот трофеј за Алкалоид, се претвори во непотребна драма режирана од гостите од Атина. Тие одбиле да играат зашто не било дозволено во салата да влезат оние грчки навивачи кои немале билет за натпреварот. Претходно беше објавено дека за навивачите на АЕК се предвидени само 200 билети од безбедносни причини.

    По половина час пауза, официјалниот спикер објави дека АЕК не сака да го игра натпреварот, чија судбина останува неизвесна. Дали мечот ќе се игра во друг термин или на Алкалоид ќе му биде доделен пехарот по службен пат, Европската ракометна федерација ќе реши во следните денови.

    Пред седум дена во Атина, Алкалоид победи со 29:25, со што беше на чекор до трофејот на Европскиот куп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира