ХРВАТОТ НИКО КОВАЧ ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА БАЕРН

    ХРВАТОТ НИКО КОВАЧ ЌЕ БИДЕ НОВ ТРЕНЕР НА БАЕРННико Ковач во изминатите две сезони го водеше Ајнтрахт Франкфурт (Фото: Шатерсток)

    Поранешниот хрватски репрезентативец Нико Ковач ќе биде нов тренер на Баерн Минхен, потврди најтрофејниот германски клуб.

    Четириесет и шестгодишниот Ковач ќе го наследи Јуп Хајнкес, кој се врати на клупата во септември, како привремено решение по отказот за Карло Анчелоти. Како и пред пет години, Хајнкес повторно има можност да си замине како европски шампион, но Баерн прво ќе мора да го помине Реал Мадрид во полуфиналето.

    „Нико Ковач ќе биде нов тренер на Баерн од 1 јули 2018 година. Тој потпиша тригодишен договор“, изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

    Ковач, кој е роден во Германија, но оствари 83 настапи за селекцијата на Хрватска, ќе пристигне од клупата на Ајнтрахт, што го води од 2016 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари