ИБРАХИМОВИЌ УШТЕ НЕДЕЛАВА ЌЕ ПОТПИШЕ ЗА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

    ИБРАХИМОВИЌ УШТЕ НЕДЕЛАВА ЌЕ ПОТПИШЕ ЗА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕДШведскиот напаѓач требаше да паузира поради повреда до крајот на годината, но закрепна многу побрзо. - Златан Ибрахимовиќ на прес-конференција со шведската репрезентација (архивска фотографија)

    Златан Ибрахимовиќ би можел да биде најновото големо засилување за Манчестер јунајтед за оваа сезона и клубот најави дека договорот ќе биде потпишан уште оваа недела, откриваат извори од „Олд Трафорд“ за „ЕСПН“.

    Триесет и петгодишниот шведски фудбалер одби да го продолжи договорот откако тешко го повреди коленото во април, бидејќи му се предвидуваше пауза до јануари, но заздравувањето тече побрзо од очекуваното и тој соопшти дека е на прагот на камбек на фудбалските терени.

    Ибрахимовиќ постигна 28 гола на 46 натпревари минатата сезона и тренерот Жозе Мурињо не сакаше да се откаже од него, и покрај повредата. Лос Анџелес галакси во јули изрази желба да го доведе високиот напаѓач, но тој преферира враќање на „Олд Трафорд“, дури и по цена на помала плата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира