ИГРАЊЕТО НА ШИПКА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА СПОРТ

    ИГРАЊЕТО НА ШИПКА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА СПОРТСледна цел е влегувањето во програмата на Олимписки игри (Фото: АФП)

    Играњето на шипка и официјално беше признато како спорт и следната цел е да биде вклучено во програмата на Олимписки игри.

    Најголеми заслуги за ова има 41-годишната Кејти Коутс, која 11 години водеше борба оваа фитнес активност да биде призната како професионален спорт од страна на Глобалната асоцијација на меѓународните спортски федерации. Потврдата за тоа, конечно, дојде оваа недела.

    Коутс е претседателка на Меѓународната федерација за спортови на шипка (ИПСФ) и таа се надева дека овој спорт ќе стане дел и од олимписката програма.

    Нејзината кампања почна во 2006 година и за кратко време над 100.000 луѓе се потпишаа на петицијата.

    „Играњето на шипка не е она што многумина го мислат. Треба да видите за да разберете. Мислам дека го постигнавме невозможното, зашто сите нѝ кажуваа дека никогаш нема да успееме од ова да направиме професионален спорт“, изјави Коутс, која целосно ѝ се посвети на својата мисија по успешниот почеток на петицијата.

    ИПСФ почна со работа во 2009 година, а првото светско првенство се одржа три години подоцна. Денес овој спорт има систем на бодување, правила, па дури и антидопинг процес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира