ИЛИНА АРСОВА СТАНА ПРВА МАКЕДОНКА КОЈА ГИ ИСКАЧИЛА НАЈВИСОКИТЕ ВРВОВИ НА СЕДУМТЕ КОНТИНЕНТИ

    ИЛИНА АРСОВА СТАНА ПРВА МАКЕДОНКА КОЈА ГИ ИСКАЧИЛА НАЈВИСОКИТЕ ВРВОВИ НА СЕДУМТЕ КОНТИНЕНТИЗа комплетирање на подвигот, Арсова вчера се искачи на Винсон, највисокиот врв на Антарктик (Фото: Фејсбук)

    Илина Арсова го исполни предизвикот „Седум врвови“, станувајќи прва Македонка која ги искачила највисоките врвови на седумте континенти.

    За комплетирање на подвигот, таа вчера се искачи на врвот Винсон, кој со своите 4.892 метри е највисок врв на Антарктик.

    (Фото: Фејсбук)

    „Мисијата ‘7 врвови‘ е завршена! Македонското знаме е на врвот Винсон на Антарктик со ладни раце, но топло срце. Со ова искачување, станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти, според Меснерова листа, што е врвен успех во планинарските спортови. Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното“, напиша Арсова на Фејсбук.

    Со надморската височина од 4.892 метри, Винсон е значително понизок од повеќето врвови на листата, но важи за најизолиран и најстуден.

    Покрај Винсон, предизвикот „Седум врвови“ ги опфаќа и Монт Еверест (Азија, 8.848 метри), Аконкагва (Јужна Америка, 6.961 метар), Денали (Северна Америка, 6.194 метри), Килиманџаро (Африка, 5.895 метри), Елбрус (Европа, 5,642 метри) и Пунчак Џаја (Австралоазија, 4.884 метри). Според статистиките, повеќе од 400 луѓе биле на сите овие врвови.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира