ИНИЕСТА ВО СОЛЗИ ОБЈАВИ ДЕКА ЈА НАПУШТА БАРСЕЛОНА

    ИНИЕСТА ВО СОЛЗИ ОБЈАВИ ДЕКА ЈА НАПУШТА БАРСЕЛОНАНе потврди дали заминува во Кина, но кажа дека нема да игра во Европа. - Андрес Иниеста (Фото: Гети)

    На „Камп ноу“ доаѓа крај на една ера, откако капитенот Андрес Иниеста денеска и официјално објави дека ја напушта Барселона по завршувањето на сезоната.

    Триесет и тригодишниот Иниеста не потврди дали ќе ја продолжи кариерата во Кина, иако веќе некое време се поврзува со трансфер во тамошниот суперлигаш Чонгкинг Дангдаи Лифан.

    „Ова е мојата последна сезона во Барселона. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи. Мојата единствена цел беше успех на клубот и успеав во тоа. Ветив дека никогаш нема да заиграм против Барселона, па затоа веќе нема да играм во Европа“, кажа Иниеста на емотивната прес-конференција, на која се појавија голем број играчи од првиот тим.

    Иниеста помина низ младинската школа на Барселона, пред да го има своето професионално деби во 2001 година, за потоа да стане најтрофејниот играч во историјата на клубот. Барселона е на прагот да ја освои деветтата шампионска титула во неговата ера, а Иниеста четири пати славеше и во Лигата на шампионите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира