ИРАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА СПОРТ ВЕЛИ ДЕКА ИРАН НЕМА ДА ИГРА НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

    ИРАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА СПОРТ ВЕЛИ ДЕКА ИРАН НЕМА ДА ИГРА НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВОИран беше првата репрезентација која се квалификуваше на СП (Фото: Гети)

    Иранскиот министер за спорт и млади Ахмад Донјамали вели дека иранската фудбалска репрезентација не е во позиција да учествува на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Иранците треба во САД да ги играат трите меча од првата фаза.

    „Со оглед на тоа што оваа корумпирана влада го уби нашиот лидер, под никакви околности немаме соодветни услови за учество на Светското првенство. Нашите момчиња не се безбедни, а услови за учество не постојат“, кажа Донјамали.

    Тој додаде дека во изминатите осум-девет месеци на Иран му беа наметнати две војни.

    Неколку илјади наши луѓе беа убиени. Затоа, дефинитивно немаме можност за учество“.

    И претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, ја доведе во прашање способноста на Иран да учествува на Светското првенство.

    Ако изгледите за Светското првенство се вакви, ниту еден здрав ум не би прифатил испраќање на тимот во САД“, рече Таџ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира