ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ САСУОЛО ГО САКА СТРУМИЧКИОТ „БОМБАРДЕР“ ТАСЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРВОЛИГАШ САСУОЛО ГО САКА СТРУМИЧКИОТ „БОМБАРДЕР“ ТАСЕВСКИ

    Италијанскиот фудбалски прволигаш Сасуоло сака да го ангажира младиот струмичанец Ване Тасевски, кој повеќе од една деценија живее со своите родители во Пјаченца, Италија. Освен овој клуб, интерес за 15-годишното момче кое го нарекуваат „бомбардер“, заради своите силни удари  со лева и десна нога кон противничките мрежи, покажале и други италијански клубови.

    За Тасевски, кој потекнува од струмичко Ново Коњарево, веќе пишуваат локалните спортски портали, бидејќи во последната сезона има одлични партии во кадетскиот состав на Про Пјаченца каде е веќе три сезони. Станува збор за потенцијал кој може да игра на повеќе позиции претежно во одбраната, а често знае да биде и во нападот при изведување слободни удари. Заради агресивноста на терен и одличниот преглед на теренот младиот Ване го поистоветуваат со Белгиецот Винсент Компани  од тимот на Манчестер сити

    „Задоволен сум од моите настапи во кадетскиот состав на Про Пјаченца. За овој тим имам одиграно 50-тина натпревари а ова сезона постигнав и неколку голови иако сум претежно одбранбен играч. Вистина е дека има интерес од повеќе италијански клубови, но не можам ништо да кажам сè додека не се официјализира каков било трансфер за нивните младински погони“, ни изјави Ване кој има 15 години, а со фудбалот е од својата осма година почнувајки од локалниот АСД Сан Николо. За струмичанчето од Пјаченца италијанските медиуми пишуваа и по последниот негов гол во дуелот со Падова каде беше избран за играч на дуелот и на колото

    Негова желба е да заигра за Милан, за што вели дека ќе работи упорно, а тој упати и пофални зборови за струмичкиот фудбал како расадник на млади таленти. Одличните настапи на Ване Тасевски во Италија и неговиот Про Пјаченца не останаа незабележани и од Фудбалската федерација на Македонија и е повикан од селекторот на кадетската репрезентација веќе во февруари

    В. Трајков

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира