Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, доби уникатен подарок од македонскиот уметник и дизајнер Сатја Грабулоски во пресрет на првиот натпревар на Светското првенство вечерва, помеѓу Босна и Херцеговина и Канада.
Грабулоски му подари персонализирани копачки изработени специјално за него. Креативното студио „Свитадот“ на социјалните мрежи го објави ексклузивниот модел копачки, а беше објавено и видео од реакцијата на Един Џеко кога го доби подарокот.
„Кога решивме да создадеме уникатни модели за спортисти со статус на најголемите кои ќе играат на Светското првенство, Един Џеко беше на самиот врв на нашата листа“, велат од студиото.
Како основа за дизајнот бил искористен моделот „aдидас Ф50“, а инспирацијата произлегла од симболот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, змејот. Копачките се изработени во две нијанси на сина боја, со знамето на Босна и Херцеговина по страничните делови, додека препознатливите линии на „Адидас“ се обложени со слој од течно 18-каратно злато.

Копачките се изработени во две нијанси на сина боја, со знамето на Босна и Херцеговина по страничните делови, додека препознатливите линии на „Адидас“ се обложени со слој од течно 18-каратно злато (Фото: ТРТ Балкан)
Посебен детаљ е натписот „Џеко“, поставен странично на копачките како финален печат на уникатниот дизајн.
Од „Свитадот“ велат дека ова е единствен примерок кој нема да биде репродуциран ниту пуштен во продажба, а правата за дизајнот остануваат во нивна сопственост. На Џеко, копачките му ги однеле портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија, Златко Андоновски и претставници на компанијата „Ргол.про“.
Лани во јули, и Новак Ѓоковиќ доби подарок додека беше во Лондон за Вимблдон – специјално исцртани бели патики „асикс“, кои се украсени со два српски двоглави орла, а беа тогашнот последен проект од линијата персонализирани дизајни на обувки од „Свитадот“.
Основано од Сатја Грабулоски во 2016 и со седиште во Македонија, студиото денес соработува со повеќе од 30 уметници лоцирани низ целиот свет, дизајнирајќи патики за спортисти како Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс и други. Иако фудбалот е клучен спорт за „Свитадот“, Грабулоски рани рече дека тенисот е простор на кој планираат да се фокусират многу повеќе во иднина.
„Патиките ‘OneOfAKindS‘ создадени за Новак Ѓоковиќ ми се омилени досега. Тие се неспоредливи во секој поглед“, рече тогаш Грабулоски за „Форбс“.



