Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски ќе ја претставуваат Македонија на Tor de Geants (Трка на џиновите), една од најпознатите ултрамаратонски трки на светот, што ќе се одржи од 14 до 20 септември. Сите тројца се членови на клубот „Трекс“ од Скопје.
Трката е долга 330 километри и има висинска денивелација од 26.000 метри. Стартот и целта се во градот Курмајор, се трча низ Аостинската Долина во Италија и трката мора да се комплетира за 150 часа.
Попат има 43 точки за освежување, каде што учесниците можат да јадат, спијат и да добијат лекарска помош, ако е потребно. Се проценува дека околу 40% од учесниците стигнуваат на целта. Од „Трекс“ велат дека бројот на учесници е околу 1.100.
Првото издание на Tor de Geants се одржа во 2010. Рекордот на патеката изнесува 66:39:16 часа, постигнат од Италијанецот Франко Коле во 2023.
Можеби ќе ве интересира и ова: