Кениецот Келвин Киптум постави нов светски рекорд во маратон, победувајќи на престижната трка во Чикаго. Дваесет и тригодишниот Киптум оствари време од 2:00:35 часа и го собори досегашниот рекорд на Елиуд Кипчоге за повеќе од 30 секунди.
„Многу сум среќен. Воопшто не размислував за светски рекорд денеска“, изјави Киптум.
Ова е негова трета победа на исто толку настапи на маратоните, по оние во Валенсија во декември и во Лондон во април.
Во женска конкуренција славеше Холанѓанката Сифан Хасан, и тоа со второто најдобро време во историјата од 2:13:44 часа, девет секунди побавно од светскиот рекорд на Тигст Асефа.