КЕНИЈКАТА ЧЕПНГЕТИЧ ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД НА МАРАТОНОТ ВО ЧИКАГО И СТАНА ПРВА ЖЕНА СО ВРЕМЕ ПОД 2 ЧАСА И 10 МИНУТИ

    КЕНИЈКАТА ЧЕПНГЕТИЧ ГО СОБОРИ СВЕТСКИОТ РЕКОРД НА МАРАТОНОТ ВО ЧИКАГО И СТАНА ПРВА ЖЕНА СО ВРЕМЕ ПОД 2 ЧАСА И 10 МИНУТИ30-годишната Кенијка победи со време од 2:09:56. (Фото: Чикашки маратон)

    Кенијката Рут Чепнгетич го собори светскиот рекорд за речиси две минути на маратонот во Чикаго, победувајќи со време од 2:09:56. 30-годишната Чепнгетич, го собори рекордот на Етиопјанката Тигист Асефа од 2:11:53, поставен лани на маратонот во Берлин. 

    „Се чувствувам толку добро. Многу сум горда на себеси. Ова беше мојот сон. Се борев многу, мислејќи на светскиот рекорд“, кажа Чепнгетич по трката.

    Кенијката стана првата жена со време под 2 часа и 10 минути на маратон. Таа, исто така, победи на маратонот во Чикаго во 2021 и 2022 година, а лани беше втора.

    Во машка конкуренција победи Кениецот Џон Корир со време од 2:04:39.

    Корир и Чепнгетич трчаа во чест на починатиот Келвин Киптум од Кенија, кој лани во Чикаго постави светски рекорд од 2:00:35.

    24-годишниот Киптум загина во сообраќајна несреќа во февруари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира